Центар за помош на Scribble Maps
Промени јазик

ЧПП за печатење

Ако не го најдете одговорот на вашето прашање овде. Испратете е-пошта на [email protected] или користете го јазичето „Побарај помош“ лево од уредникот.

Општо

Што е изворот на податоците за мапата?
Моите ознаки се ситни, зошто?
Дали можам да препродавам отпечатоци?
Која е вашата политика за приватност?
Мојот пат недостасува, зошто?
Би сакал да нудам отпечатоци на големо, можам ли да добијам попуст?
Точки (квадрати) недостасуваат од изработените отпечатоци?

Достава

Како се пакуваат вашите производи за испорака?
Што ако мојата адреса е погрешна?
Што ако производот се загуби во поштата?
Колку чини испораката?
Во кои земји можам да ја испратам мојата нарачка?
Колку брзо можам да го добијам она што штотуку го нарачав со приоритетна испорака?
Дали е достапно следење на мојот пакет?

Плаќање

Дали прифаќате меѓународни кредитни картички?
Кога ги наплатувате парите од мојата сметка?

Печатење

Од кои големини можам да избирам?
Каков вид хартија користите за отпечатоците?

Враќање и надомест

Што ако не сум задоволен од моите отпечатоци?
Што се смета за производ за кој се враќаат средства?
Кој го плаќа враќањето на отпечатоците ако се неисправни или во други случаи ако не сум задоволен?
Што ако производот се оштети при испорака?

Општо


Што е изворот на вашите податоци за мапата?
Scribble Maps користи Google и Open Street Maps за податоци за мапата.

Моите ознаки се ситни, зошто?
Имајте предвид кога го гледате прегледот дека тоа е преглед на голема слика, вашите ознаки ќе бидат скалирани. Проверете ја нивната големина на екранот за одобрување со зумирање до максимум.

Дали можам да препродавам отпечатоци?
Можете слободно да препродавате какви било мапи што користат податоци од Open Street Map. Ако сакате да препродавате мапи што користат податоци од Google, ќе ви треба договор со Google.

Која е вашата политика за приватност?
Ние не ги споделуваме повторно и не ги продаваме личните податоци што ги собираме. Нашата целосна политика за приватност можете да ја најдете овде

Патиштата недостасуваат, зошто?
Податоците за мапата ги определуваат нашите добавувачи. За Google, ќе треба да им испратите барање за измени. За Open Street Map можете да придонесете со податоци за мапата на http://www.openstreetmap.org/.

Би сакал да нудам отпечатоци на големо, можам ли да добијам попуст?
Да, контактирајте на [email protected] или користете го копчето „Побарај помош“ во уредникот на Scribble Maps.

Точки (квадрати) недостасуваат од изработените отпечатоци?
Ова се случува ретко кога податоците за сликите од добавувачите сè уште не се изработени. Особено за области што не се редовно гледани. Малку менување на центарот и повторно изработување на отпечатоците треба да го реши проблемот. Ако продолжи да се случува, испратете ни порака.

Достава


Како се пакуваат вашите производи за испорака?
Отпечатоците се испраќаат во туби.

Што ако мојата адреса е погрешна?
Ако адресата е погрешна и производот се врати во нашиот центар за испорака, ќе се обидеме да го пренасочиме на вашата нова адреса. Нема гаранции сепак, бидејќи понекогаш производите не се враќаат.

Што ако производот се загуби во поштата?
Ако вашата нарачка се загуби во поштата, известете н и ќе ја отпечатиме и испратиме повторно.

Колку чини испораката?
Обичната испорака е бесплатна. Секогаш обезбедуваме URL за следење.

Во кои земји можам да ја испратам мојата нарачка?
Испорачуваме ширум светот.

Колку време трае сето тоа?
Самото печатење трае од 2 до 7 дена, а потоа испораката обично трае 5 до 10 дена. Значи, општо можете да ги очекувате вашите отпечатоци во рок од 3 недели.

Дали е достапно следење на мојот пакет?
Секогаш користиме испраќачи со следење, па треба да добиете URL за следење штом производот ќе биде испратен.

Плаќање


Дали прифаќате меѓународни кредитни картички?
Да, прифаќаме сите кредитни картички, вклучувајќи Visa, Mastercard и American Express.

Кога ги наплатувате парите од мојата сметка?
Ја наплатуваме вашата сметка штом вашата нарачка ќе биде одобрена.

Печатење


Од кои големини можам да избирам?
Моментално нудиме 3 големини. 18x18", 24x18", 36x24". Ако имате необичен проект што бара необична големина, испратете ни порака и ќе видиме дали можеме да помогнеме.

Каков вид хартија користите за отпечатоците?
Отпечатоците се печатат на висококвалитетна фото сјајна хартија.


Враќање и надомест

Што ако не сум задоволен од моите отпечатоци?
Испратете ни порака во рок од 14 дена од примањето на вашите отпечатоци и известете н за проблемот. Ние презимаме одговорност за квалитетот на печатењето и состојбата при пристигнувањето.

Што се смета за производ за кој се враќаат средства?
Оштетување при испорака или проблеми со физичкиот отпечаток се квалификуваат за испорака на нов отпечаток.

Кој го плаќа враќањето на отпечатоците ако се неисправни или во други случаи ако не сум задоволен?
Ќе ја надоместиме испораката по фер пазарна вредност ако отпечатоците треба да се вратат.

Што ако производот се оштети при испорака?
Ако вашите отпечатоци се оштетат при испорака, испратете ни слика и ќе отпечатиме и ќе ви испратиме нов.


 

Последно ажурирање