Прикажете ја мрежата (MGRS) и изберете го форматот на приказ на координати
Дефиниција
MGRS е кратенка за Military Grid Reference System (Воен референтен систем на мрежа). MGRS е геокоординатен стандард што го користат војските на НАТО за лоцирање точки на површината на Земјата.
Нацртајте линија
- Изберете ја Алатка за линија во горната лента со алатки.
Или притиснете го копчето "Z" на тастатурата.
- Во прегледот на мапата, кликнете и влечете за да нацртате линија.
Отворете го и преместете го прозорецот Поставки
- Во долниот лев агол на подножјето на прегледот на мапата, кликнете на иконата со запчаник.
Ќе се појави прозорецот "ПОСТАВКИ".
- (Опционално) Ако прозорецот "ПОСТАВКИ" ви ја блокира гледката кон линијата што ја нацртавте, кликнете и влечете на работ на прозорецот "ПОСТАВКИ".
Прикажете го информативниот облак кога за форматот на приказ на координати е избрано "Автоматски"
- Под насловите "ПОСТАВКИ НА МАПАТА" > "Мрежа", кликнете на паѓачката листа. Потоа изберете: "MGRS".
Во прегледот на мапата ќе се појави мрежата.
- Под насловите "ПОСТАВКИ НА МАПАТА" > "Приказ на координати", кликнете на паѓачката листа. Потоа изберете: "Автоматски".
Белешка: Ако изберете "Автоматски", форматот на приказ на координати ќе се определи според она што е избрано под насловот "Мрежа".
- Во горниот десен агол на прозорецот "ПОСТАВКИ", кликнете на копчето "X".
- Изберете ја Алатка за уредување/мерење во горната лента со алатки.
Или можете да кликнете на мапата, па да го притиснете копчето "Q" на тастатурата.
- Во прегледот на мапата, задржете го курсорот над почетната или крајната точка на линијата.
- Ќе видите како се појавува информативен облак што ги прикажува координатите. Бидејќи за мрежата е избрано „MGRS“, приказот за „Автоматски“ ќе биде:
- Гео. ширина: Децимални степени (Степени Минути Секунди)
- Гео. долж.: Децимални степени (Степени Минути Секунди)
- MGRS: MGRS координати
- Гео. ширина: 40.689249400 (40°41′21″N)
- Гео. долж.: -74.044500400 (74°2′40″W)
- MGRS: 18TWL8073604701
Повеќе опции за форматот на приказ на координати
Во прозорецот Поставки, повторно кликнете на паѓачката листа под „Приказ на координати“. Можете да изберете од овие опции:
- Автоматски.
- WGS84 - World Geodetic System, 1984.
- DMS (DD°MM’SS”) - Степени Минути Секунди.
- USNG - Национална мрежа на Соединетите Американски Држави.
- MGRS - Воен референтен систем на мрежа.
- BNG (Обединето Кралство) - Британска национална мрежа - (за Велика Британија).
Белешка: Во средината на подножјето на прегледот на мапата, ќе ги видите и координатите прикажани во форматот што ќе го изберете. Овие координати ги определува нишанот во центарот на прегледот на мапата.
Видете и
Прикажете ја мапата без мрежа и изберете го форматот на приказ на координати
Прикажете ја мрежата (USNG) и изберете го форматот на приказ на координати
Прикажете ја мрежата (BNG-UK) и изберете го форматот на приказ на координати
Последно ажурирање